Летна мода на риги

9 јуни 2024

Кога станува збор за летна мода ригите се секогаш присутни. Овој едноставен дезен е еден од најпопуларните во светот и може да се најде на речиси секое парче облека, додатоци, па дури и обувки.

За тоа да биде така, прилично е заслужна Коко Шанел, која виде голем потенцијал во дезенот и го искористи во нејзините креации.

Најчесто ригите, или пругите ги има на летните маички, панталоните, кошулите, а покрај основната црно-бела, или сино-бела варијанта можеме да сретнеме и риги во други бои, црвена, кафена, зелена, розова, жолта...

Секој од нас во гардероберот ќе пронајде барем едно парче на риги кое со задоволство го носи особено во топлите летни денови.

Самиот дезен потсетува на море, плажа, на разиграност, па дури и кога носиме кошула на работното место.

Затоа денес нашиот фото водич ви носи летна мода на риги како инспирација за деновите што следат.

 

 Фото: Pinterest

Објавено:
9 јуни 2024
Категорија: 
Тренд