Летни комбинации со омилените бели панталони

5 јули 2017

Ова лето е во знакот на белите панталони. Независно за каков крој се работи, дали се со широки ногавици или линија која припиено ја следи формата на телото, дали се со висок или среден струк или се изработени од лен, свила, џинс... Нивната популарност во уличната мода е забележителна, а истовремено лесно се комбинираат со остатокот од парчињата во гардероберот, па веруваме дека воопшто немате проблем да ги споите во интересен аутфит.

Сепак, ние ќе ви посочиме неколку дополнителни инспиративни примери кои ќе ви дадат идеја плус како да ги носите на работа, на летна забава или во опуштена летна атмосфера.

Панталоните со висок струк нагласен со ремен се совршен избор за деловен аутфит, комбинирајте ги со кошула или маичка во пруги, кломпи или сандали на средно висока потпетица.

Оние пак со широк крој во А форма може да ги комбинирате со краток топ и подготвени сте за летна журка.

Џинсот во бела варијанта е универзално парче кое може да го вклопите и во спортска комбинација со патики и во елегантен, женствен изглед со кафтан со флорален принт и високи потпетици.

 

Објавено:
5 јули 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.322 пати