Роби и Јохансон во синхронизирани креации на премиерата на Asteroid City

15 јуни 2023

Двете холивудски актерки и долгогодишни пријателки Скарлет Јохансон и Марго Роби уште еднаш воодушевија со својот стајлинг.

На премиерата на филмот Asteroid City во Њујорк, двете дами се појавија во синхронизирани креации.

Скарлет, 38, се одлучи за бела тоалета со мал ретро вајб, дело од ресорт колекцијата 2024 на Каролина Ерера.

Монохроматскиот макси фустан со голем бел цвет на горниот дел, беше комплетиран со бисерни обетки и PVC потпетици со кристали од Џанвито Роси.

Нејзината помлада колешка, Роби, 32, носеше црно бела креација на Скијапарели, од колекцијата пролет/лето 2023-та, во форма на структуриран кадифен горен дел и плисирано бело здолниште.

Роби, изгледот го дополни со кадифени црни потпетици и мини црна чанта.

Фото:Facebook, Instagram

Објавено:
15 јуни 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
926 пати