Мини за макси ефект

27 март 2015

Уште од  дебитантската колекција на Никола  Гескјер за Луј Витон, мини здолништата инспирирани од 60-тите години постојано се присутни во дизајнерските визии за современите девојки.

Меѓутоа, се работи за тренд со кој треба внимателно да „играте“, односно да го прилагодите не само на вашиот стил туку и на приликата, со оглед на тоа дека мини здолништата не се препорачуваат за секоја пригода.

Но, кога ќе бидат синхронизирани сите параметри, тогаш впуштете се во авантура и уживајте во изборот.

Носете ги со ниски и удобни патики преку ден, а со високи потпетици или платформи навечер. Комбинирајте ги со кошули, кратки топови или џинс палто, кратка рокерка со реси или лесен мантил. Мини здолништата се особено актуелни за време на пролетно-летните  музички фестивали на отворено,  па еве ви уште една прилика плус да се подготвите.

 

 

Објавено:
27 март 2015
Категорија: 
Тренд