Моден императив - здолниште на преклоп

20 јануари 2015

Здолништата со должина до и под колената актуелни се оваа зимска сезона, а новитет за претстојната пролетна сезона е само дизајнот кој е пософистициран. Односно, модните уредници и трендсетерки во светот веќе почнаа да го најавуваат камбекот на здолништата на преклоп.

Овој модел е совршен како за деловни, така и за вечерни комбинации бидејќи дава доза префинетост, без разлика на целосниот изглед. Конкретно според временските услови, ние би ве советувале здолништето на преклоп да го комбинирате со ролка и капут, доколку треба да одите на бизнис состанок, а доколку одите на кафе со пријателките, комбинирајте го парчето со горен топ изработен од тантела и кардиган или памучна блуза со кожена јакна. За крај, одберете ги фамозните чевли до глужд, кои совршено се вклопуваат со должината на здолништето.

 

Објавено:
20 јануари 2015
Категорија: 
Тренд