Монохроматски зимски стајлинзи
•
26 февруари 2016
Слоевитото облекување во зима, честопати од нас бара умешност во препознавањето на соодветен спој на бои, текстури и стилови.
Особено треба да бидеме внимателни кога нашиот избор се монохроматските комбинации.
Тоа значи дека и покрај тоа што сите парчиња во аутфитот се во иста боја или слична нијанса, сепак треба да постои градација која ќе ја добиеме преку правилниот спој на различни текстури, а притоа ќе ја избегнеме монотонијата.
Искористете го последниот зимски месец за монохроматски изгледи инспирирани од уличната мода, но секако истото правило важи и за слоевитото облекување за време на другите сезони од годината.