Must have: Елена Лука мантил за секоја пригода

11 ноември 2020

Мантилот е есенска класика, парче што модно го обележува овој период од годината.

Го носиме во секоја прилика и со секоја комбинација, затоа кога бираме мантил секогаш внимаваме тоа да биде модел што ќе биде изработен од квалитетен материјал и ќе одговара на нашиот имиџ.

А секако еден од значајните критериуми е и неговиот уникатен и модерен дизајн.

Сите овие карактеристики се вметнати во дизајнот на трендовските модели мантили во актуелната есенска линија на модниот бренд Елена Лука.

Стилизирани со апликации со логото на брендот, во елегантни кроеви со колан околу струкот, достапни во повеќе варијанти на бои, овие модели на мантили ќе го најдат своето приоритетно место во стилот на сите модерни и урбани дами.

Нарачајте го омилениот модел онлајн, на е-продавницата на Елена Лука и уживајте во безбедниот шопинг.

Објавено:
11 ноември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
743 пати