Must have: Тренди сет од еко-кожа е најпопуларната комбинација оваа сезона

18 септември 2020

Ако ја следите актуелната, светска улична мода, сигурно веќе сте забележале дека парчињата изработени од еко-кожа повторно се апсолутен хит.

Во таа насока е и нашиот денешен избор за MUST HAVE, потпишан од модниот бренд Елена Лука.
Сет од кошула и панталони со странично поставени џебови, во црна варијанта, изработени од еко-кожа, е меѓу најпопуларните стилски комбинации оваа сезона.

Впечатлив избор што може да го адаптирате во различни целини и прилики, а воедно парчињата може и посебно да ги комбинирате со остатокот од вашиот сезонски гардеробер.

Нарачајте онлајн на е-продавницата на Елена Лука.

 

Објавено:
18 септември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
969 пати