Must have: црвен плетен џемпер

6 февруари 2018

Оваа зима плетенините се водечка тенденција. Имплементирани се како во дизајнот на секојдневната облека, така и во дизајнот на модните додатоци.

Едно од омилените зимски парчиња оваа сезона е удобниот плетен џемпер, што го носиме буквално во секоја комбинација.

Нашиот избор за денешниот „must have" е црвен плетен џемпер од Манго со суптилен V израз околу вратот и со широки ракави, како уште еден клучен тренд сезонава.

Може да го комбинирате во кежуал комбинација со џинс или пак во деловен аутфит со миди здолниште или елегантни панталони.

 

Стајлинг: Fashionel

Џемпер: Mango, Fashion Group

Модел: Магдалена Лазовска, Модна агенција Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

 

Објавено:
6 февруари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.165 пати