Must have: Елегантна есен во стилски црн фустан
•
16 септември 2020
Црната е така весела боја, за тие што знаат да ја препознаат нејзината магија.
Безвременскиот „мал црн фустан" е пример како оваа боја живее низ децениите, сезоните и трендовите.
Затоа, доколку сакате да инвестирате во елеганција за која не постои ниту сезонско ниту трендовско ограничување, тогаш вреден избор е нашиот денешен предлог за MUST HAVE.
Женствен црн фустан со карнери, суптилно стилизиран со плочка на која е изгравирано логото на Елена Лука, е модел што идеално се вклопува во сечија стилска слика.
Како ексклузивно парче од новата актуелна линија на модниот бренд Елена Лука, достапен е во онлајн продажба на е-продавницата на модната куќа.