Must have: Кул качкет + милитари јакна

8 октомври 2018

Оваа есен некако сме вљубени во лежерните и спортски комбинации бидејќи во нив можеме да уживаме во текот на целиот ден, а истовремено да бидеме тренди и шик.

Неодамна градот доби уште една продавница во која можете да најдете кул парчиња кои се одраз на спортската лежерност, а денешниот must have доаѓа токму од таму.

Тренди блузонот го комбинираме со парка јакна во темно зелена боја со испишани букви и детали во пределот на грбот, која може да ја носите со што и да посакате оваа сезона и да изгледате супер шик.

Кул качкетот е исто така нешто што девојките сакаат да го носат сезонава, а времето надвор е совршено да го комбинирате со омилениот стајлинг.

Сите парчиња може да ги најдете во новоотворената продавница SuperDry во трговскиот центар Скопје Сити Мол.

Објавено:
8 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
424 пати