Must have: Нè шармираше овој уникатен фустан со карнери

10 септември 2020

Модните тенденции и во новата сезона ги носат карнерите како водечки, стилски детаљ што ќе доминира и во есенскиот гардеробер.

А како впечатлив и ефективен детаљ, карнерите се застапени и во новата есенска линија на нашиот моден бренд Елена Лука, оплеменувајќи го секој уникатен дизајн со дополнителен шарм.

На прв поглед нè шармираше овој модел на фустан, што денеска ви го презентираме како наш избор MUST HAVE за оваа сезона.

Во асиметричен крој, достапен во неколку различни бои, ова е фустанот со карнери што ќе го носите во секоја прилика сезонава, затоа што е тренди, впечатлив и совршено се прилагодува на сечиј имиџ.
Достапен е во онлајн продажба, на е-продавнивата на Елена Лука.

 

Објавено:
10 септември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
518 пати
Тагови: 
Елена Лука must have