Must have: Практична чанта за преку рамо
•
27 март 2019
Жените најчесто сакаат големи чанти, но светските трендови велат нешто сосема друго. Токму затоа, изборот за неделниот must-have, овој пат е на мала, четириаголна чанта за преку рамо од брендот Парфоа.
Формата и големината ја прават практична, а животинскиот принт, кој е имплементиран на елегантен начин, како и синџирите во делот на ременот ѝ даваат тренди и женствена нота.
Овој спој на елементи ја прави совршен избор за различни стајлинзи - од поелегантни, до урбани, па доколку баравте ваков моден додаток или размислувавте со што би можеле да се подновите, сигурни сме дека ви помогнавме.
*комерцијален текст