Must have: Романтични фустани со карнери за комплетно женствена есен

14 септември 2020

Есента има некоја посебна романтична нота, а со оглед на тоа дека и календарски ни се наближува, за денешниот избор за MUST HAVE бевме инспирирани токму од нејзиниот романтичен дух.

Совршениот избор го најдовме во новата линија на модниот бренд Елена Лука.

Уникатни модели на фустани во чиј дизајн се соединети неколку актуелни тенденции: романтичната естетика и акцент на карнерите кои дефинираат впечатлив, слоевит изглед.

Одлично би се вклопиле и во дневен, лежерен изглед со патики или пак со ниски чевли, а исто толку впечатливо и женствено изгледаат и во вечерен стајлинг со високи потпетици.

Достапни се во бела и жолта варијанта, а може да ги нарачате онлајн на е-продавницата на Елена Лука. Уживајте во беспрекорното шопинг искуство!

 

Објавено:
14 септември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
555 пати