Must have: Сандали и чанта во неодоливо црвена!

18 мај 2016

Како едни од задолжителните модни додатоци што дефинитивно треба да ги имате во вашиот плакар ова прекрасно лето, се дефинитивно балетанките и чантата во раскошна црвена боја.

Денеска ви предлагаме едни токму такви кои заедно го чинат совршениот пар модни додатоци. На вашата шопинг листа ставете ги овие слатки балетанки со отвори од страните кои одлично се согласуваат со чантата со бројни апликации од цветови по површината.

Носете ги со што и да посакате, па дури не двоумете се и ако сакате да ги комбинирате во некој елегантен стајлинг.

Тие се совршени со искинати фармерки и бела кошулка за овој период, а неодоливи во комбинација со лежерно фустанче во топлите денови кои доаѓаат.

Доколку сѐ уште немате набавено модни додатоци во црвена боја, сега е вистинското време за тоа!

Чанта, чевли: Parfois

Објавено:
18 мај 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
644 пати