Must have: Уникатна и впечатлива чантичка што мора да ја имате

7 февруари 2017

Во време кога со целото срце ја чекаме пролетта, можеби полека треба да почнеме да се подготвуваме за топлите денови и комбинациите што ќе ги носиме.

Денеска сакаме да почнеме од оваа прекрасна и уникатна чантичка што секоја девојка треба да ја има во плакарот.

Истата е одлична бидејќи можете да ја носите на различни начини, односно како голем паричник за секојдневни потреби, но и како впечатлив детаљ во вечерните комбинации.

Нека истата биде најдобриот дел од целата ваша комбинација, а стилизирајте ја со едноставно црно или црвено фустанче или пак некоја друга боја која е дел од апликацијата.

Бидете сигурни дека ќе бидете забележани каде и да се појавите доколку сега инвестирате во оваа шик чантичка од Parfois.

Објавено:
7 февруари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
488 пати