Must have: Зимски празнични џемпери
•
12 јануари 2017
Во екот на една од најстудените зими во последните неколку години она што дефинитивно ни треба се топли џемперчиња кои се лесни и едноставни за комбинирање.
Токму такви ви предлагаме денеска, а ние обожуваме да ги носиме со едноставни фармерки во сите нијанси и капутчиња и парка јакни кои се хит и оваа сезона.
Иако имаше многу коментари за тоа дека празничните зимски џемпери повеќе не се омилени, ние не сакаме да се откажеме од нив.
Во пресрет на студените зимски денови што допрва се пред нас, задолжително набавете си по еден чифт од продавницата на Springfield во кој ќе уживате оваа сезона.