Најпопуларните плетива во пастелни бои од H&M

2 декември 2017

Шведскиот гигант H&M секогаш ја препознава моќта на актуелните тенденции и затоа секоја сезона е карактеристична по одреден тренд на кој е ставено акцент.

Оваа зима, покрај популарната соработка на H&M со Ердем, најактуелни парчиња се плетивата, особено оние предимензионирани џемпери со висока јака.

Во комбинација со плетивата, доминира пастелната палета на бои, па меѓу најпопуларни се оние во нежно розова, сина, зелена, сива боја.

IT девојките ги комбинираат во своите дневни и вечерни комбинации со плисирани или мини здолништа, со џинс или класични панталони со висок струк.

Издвоивме неколку впечатливи парчиња од актуелната понуда.

Фото извор: H&M, Instagram

 

Објавено:
2 декември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.658 пати