Штотуку заврши Модната недела во Њујорк, а веќе денеска ги одбираме најубавите комбинации што можевме да ги видиме низ улиците на Големото Јаболко.

Во најголема мера годинава преовладуваа исклучително колоритните стајлинзи што ги обожававме! Фотографите од сите страни на светот се целосно опремени и чекаат покрај нив да поминат познатите холивудски ѕвезди, бројните модни блогерки, стилистки, уреднички на магазини и сите останати стилски девојки.

Гледајќи ги комбинациите што девојките уживаат да ги прават за време на њујоршката модна недела, ние се заљубивме во речиси сите парчиња.

Во галеријата погледнете ги најуникатните стајлинзи од годинешнава Модна недела во Њујорк пред да се префрлиме во шармантниот Лондон.

Објавено:
19 септември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.893 пати