Неколку причини зошто сите сакаме да живееме во светот на Прада

31 јануари 2014

Иако со работа почна како продавница за производи од кожа во 1913 година на чело со браќата Мартино и Марио Прада, внуката на Марио, Миуча Прада денеска тоа го трансформираше во една од најпознатите светски модни куќи.

Во нејзината прва колекција од 1979 година можеа да се најдат водоотпорни ранци и големи торби за подоцна таа да се инспирира и да ги создаде најлонските чанти во 1984 година.

Во 1989, Миуча и нејзиниот партнер Патрицио Бертели ја лансираа првата комерцијална колекција, која инстантно беше признаена од светот како одлична!

Сега со Миуча на чело, брендот Прада е еден од најдобрите во светот, бренд по чии колекции лудуваат сите девојки и бренд што е олицетворение на квалитет.

Пролет 2014 Пролет 2014

Нејзините фанови ги има во огромен број, а таа пак им се заблагодарува со одличните колекции што ги лансира низ годините.

Погледнете некои од нејзините највпечатливи парчиња низ годините и потсетете се уште еднаш зошто сите сакаме да живееме во светот на Прада!

Објавено:
31 јануари 2014
Категорија: 
Тренд