Нешто задолжително за ова лето: Цвет во вашата коса!

24 јуни 2014

Оваа сезона цветовите во глава не се само асоцијација за фестивалот Коачела! Ова лето, тие се задолжителен моден додаток што девојките обожуваат да го вклопуваат во секојдневните комбинации.

Доколку не сте фанови на впечатливите цветни венчиња кои што ви ја прекриваат целата глава, овојпат ви посочуваме неколку модели на посуптилни венчиња и на единечни цветчиња што изгледаат совршено распоредени по косата.

Според нас, истите најубаво се влопуваат во фризурите со плетенки со кои на уникатен начин се доловува обожуваниот бохо стил кај девојките. Ние постојано ги комбинираме со бохо плетенка и бело, лежерно и летно фустанче и рамни сандали или пак стартки во секојдневните наши стајлинзи.

Истите ќе внесат неверојатна свеѓина во вашиот изглед и ќе направат секоја ваша комбинација да изгледа неверојатно младешки и секогаш уникатно. Она што е уште поубаво, е тоа што со оглед на тоа што е вистинска рајска сезона на цвеќиња, можете да си наберете и по некое свежо цвеќенце за кое што веруваме дека совршено ќе го вклопите во вашиот стајлинг.

Доколку сѐ уште си немате набавено едно вакво венче, дефинитивно мора да го сторите тоа што побрзо, бидејќи сега е вистинско време да блеснете во полн сјај со летните комбинации и по некој цвет во вашата сјајна коса!

Објавено:
24 јуни 2014
Категорија: 
Тренд