Никогаш нема да погрешите со фустан + патики

9 август 2023

Откако патиките станаа дел од нашиот секојдневен стил, си решивме многу дилеми.

Сега не ги носиме само во теретана или на спортски терени, туку и во град на кафе, кога ги завршуваме обврските во текот на динамичниот ден, па дури и на работа доколку работната позиција тоа го дозволува.
Патиките ги комбинираме и со спортски, но и со елегантни аутфити, а особено ни се омилени кога се во пар со романтични и женствени фустани.

И токму овој „стилски пар" е непогрешен кога за овој август бираме женствен и удобен изглед, истовремено.
Романтичните миди или макси лелеави фустани, монохроматски или дезенирани, ќе ни доловат женственост, а патиките секако ќе ни обезбедат удобност.

Функционално, стилски и практично.

Неколку идеи како да ги комбинирате, во прилог.

Фото: Пинтерест

Објавено:
9 август 2023
Категорија: 
Тренд