Периодов поради временските услови често предизвикува двоумење околу изборот на соодветна облека. Преминот од топлите денови кон оние есенските и врнежливи, често им создаваат проблеми особено на трудниците во селекцијата на соодветната гардероба.
Телото на бремените жени толку брзо се менува, што би било нелогично да купуваат постојано нова облека за секое тромесечие. Најбезболно решение е да ги одберете вистинските парчиња облека кои ќе може да ги комбинирате во различни варијанти. Надополнети со различни аксесоари, ќе ја избегнете монотонијата во изгледот.
Слоевитата облека е секогаш добар и практичен трик за секое годишно време. Особено за овој период идеални се кратките капути кои може да ги носите врз удобната туника, обичната маичка, па дури и во комбинација со елегантниот фустан.
Доколку поради вашата состојба, не ве “собира” во ланскиот капут, сепак неизбежно е да купите таков кој пред се ќе се прилагоди на вашиот стомак за во ниеден момент да не се почувствувате неудобно.
Разбирливо е дека овој период ќе ги избегнувате високите потпетици и препорачливо е да одберете ниски чизми или такви со многу ниска платформа кои периодов се актуелни и ги има во голем избор.
Во продолжение ви предлагаме неколку различни варијанти кои сигурно ќе ве поттикнат да направите креативни комбинации од вашите постоечки парчиња и дополнително ќе ви го разубават периодот.