Обојте ја есента со впечатлива карирана кошула

6 октомври 2014

Карирана кошула важи за класично парче кое никогаш не излегува од мода. Неговата предност е во можноста да се комбинира во лежерни и кежуал комбинации, односно одлично се вклопува со тесни фармерки, кожени здолништа,  џемпери, блејзери и се компатибилни како за дневни, така и за вечерни настани.  Исто така, според трендовите кои можевме да ги забележиме како на модните писти, така и на уличните стајлинзи, „ин“ е да се носат карирани кошули, но врзани околу струкот, односно акцент се става на гранџ стилот, кој владееше во деведесеттите години.

Голем број познати личности обожуваат да ја комбинираат карираната кошула, како што се Гвен Стефани и Џесика Алба, а во продолжение погледнете какого прават тоа.

Објавено:
6 октомври 2014
Категорија: 
Тренд