Од асиметрија до тантела
•
4 јуни 2013
Без разлика дали се работи за нова колекција, сезона и која и да е годишна доба, постои една заедничка работа која го врзува светот на модата. Тоа е црниот мал фустан кој може да ви ги реши сите проблеми. Никогаш не е прекасно да ја поседувате оваа класика во вашиот орман, но доколку немате вакво парче, тогаш можете да размислите за црниот фустан со тантела од Бершка, кој е идеален за посвечени настани и забави. Покрај црната боја, моментално акутелни се сината и нежно розовата боја, која е заштитен знак на женственоста. Доколку сте уморни од класичниот изглед и сакате нешто пософистицирано, тогаш ние ви ги препорачуваме асиметричните и двобојни фустани кои ќе го освежат вашиот стајлинг.