Од модните писти во вашето секојдневие

13 јануари 2014

Трендовите кои ги лансираат модните писти би немале никаква суштина доколку функционално, па макар и во модифицирана варијанта не се искористат соодветно во вашето секојдневие.  Согласно со вашиот личен стил, одберете кој од пролетните трендови што ни ги најавија светските модни дизајенри,  најлесно би го адаптирале.

 

Здолниште во „пенкало“ крој

Тесно здолниште, кое ја следи линијата на вашето тело со висок струк и со висок шлиц. Женствено и елегантно, а истовремено со умерен сексапил, таква варијанта, комбинирана со кошула со длабоко деколте, ни предлага Алтузара.

 

Широк појас за нагласена половина

Женската силуета наједноставно може да се потенцира со широк појас околу половината. Фигурата „песочен часовник“ е моден евергрин, па еден од начините да ја нагласите е со големиот избор на ремени и појаси.

 

Црно - во секоја варијанта

Формална вечера или деловен состанок. Црната боја е сигурен избор и тоа е непишано модно правило кое нема рок на траење. Но, секогаш постои следно повисоко ниво. Во случајов Дерек Лем споил лежерни широки панталони со топ кој елегантно ги открива женските рамена.

 

Монохроматски е далеку од монотоно

Еднобојните парчиња лесно може да се адаптираат на секој изглед. Одберете ја бојата која најмногу ви одговара и играјте со нијансите и слоевите. Мајкл Корс ви предлага комбинација во сиво: лелаво плисирано здолниште со средна должина и џемпер по кратки ракави.

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
13 јануари 2014
Категорија: 
Тренд