Омилен есенски пар – здолниште и плетиво

31 октомври 2017

Спојот на женствени силуети и предимензионирани парчиња, е тренд чија актуелност продолжува и оваа есен-зима сезона.

Уличната мода и тенденциите што таа ги наметнува, се главниот „виновник" за оживувањето на овој тренд секоја есен односно зима. Па така и оваа, еден од омилените стилски парови е спојот на женствено здолниште и топло и удобно плетиво.

Ги издвојуваме предимензионираните плетива со нагласени ракави како и ролките кои не губат од својата актуелност, пред се поради нивната практична функција.

Верзиите на комбинирање се бројни. Широкиот џемпер може да го облечете врз тесно миди здолниште во „пенкало" крој или пак плисираното здолниште може да го облечете врз плетената ролка.

Доза инспирација ќе најдете во фото галеријата во продолжение.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
31 октомври 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.410 пати