Отмен аксесоар - шал од вештачко крзно
•
11 ноември 2016
Во добата на стариот Холивуд, дамите добро знаеја да проценат што е женственост, елеганција и префинетост. Крзнениот шал секако беше задолжителен и клучен детаљ од нивниот гламурозен изглед.
Во современите модни тенденции, особено последниве неколку сезони, шалот и наметката од вештачко крзно повторно се во фокусот како моден додаток што ја има моќта да ја трансформира и најобичната во луксузна комбинација.
Слободата на комбинирање оди до таму што овој моден додаток се стилизира со спортски и лежерни комбинации, но секако останува актуелна и непогрешната, класична варијанта на макси капут, кошула со панталони или здолниште со висок струк.