Ова е најпосакуваниот фустан на Амазон сезонава

5 декември 2019

Во празничната сезона сите сакаат да најдат што поквалитетно парче, а за помала цена. „Амазон“ очигледно има такво парче, бидејќи неодамна се пофалија со најпродаваниот фустан.

Се работи за креација со едноставен дизајн и голи раменици, која иделано може да се вклопи и во секојдневните и во вечерните пригоди. Фустанот е плетен, а со етикета од брендот „Lark&Ro“.

Цената на истиот изнесува нешто помалку од 40 долари, а коментарите за истиот се бројни и позитивни. 

„Секси“, „Впечатливо парче кое наликува на креациите на Ерв Леџер“, „Прекрасен фустан, не ми се верува дека е вака евтин“ се само дел од коментарите.

Фустанот е достапен во неколку бои, а од брендот не се ни надевале на ваква популарност.

Ви се допаѓа ли вам?

Објавено:
5 декември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.376 пати