Ова се најубавите коктел фустани за трудници

13 ноември 2013

Омилената онлајн продавница АСОС за оваа сезона понуди неверојатни коктел фустани за трудници. Истите може да се носат буквално на сите забави што следуваат во претстојната, празнична сезона.

Овие фустани се неверојатно тренди и истите им овозможуваат на трудниците да изгледаат модерно и да се чувствуваат супер. Цените на фустаните почнуваат од 15 па се до 60 евра.

Нашите омилени се оние со принтови, а идните мајки кои сакаат нешто покласично, можат да си одберат и од еднобојните модели чии кроеви и ласкаат на женската фигура.

Објавено:
13 ноември 2013
Категорија: 
Тренд