Оваа пролет ќе биде обоена во магента нијанси

17 февруари 2021

И покрај тоа што не е некое изненадување што во пролетната сезона настапуваат на сцена розовите нијанси, сепак не можеме да кажеме дека не се радуваме на месеците што претстојат.

Модните стручњаци прогнозираат дека во следната сезона ќе доминираат нијанси на магента.

Без разлика дали поседувате веќе во гардероберот вакви парчиња или пак не, доколку сакате да ги следите трендовите, тоа можете да го сторите со по некоја марама или накит.

Некој инспирацијата ја наоѓа во совршеното и романтично зајдисонце, некој во цвеќињата, друг пак во смелоста. 

За оние што се посмели или пак уживаат во овие нијанси, имате бескрајно многу можности како да ги имплементирате во стилот. Беж, бела, темноцрвена, црвена, сина, портокалова, зелена се само дел од боите кои можете да ги вклучите со создавањето на вашиот омилен изглед.

 

Монохроматски изглед или пак колор-блок комбинации со други нијанси, со обувки или пак други модни додатоци во магента нијанса, ние одвоивме неколку предлози, а вие одберете го вашиот фаворит:

Објавено:
17 февруари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.412 пати