Слатките и шармантни бабички направени од дрво, со прекрасни сини очи и румени образи се неизоставен дел од руската култура. Бабушки, матријошки или руски бабички како што многумина ги нарекуваат, се едни од најпознатите руски сувенири. Без разлика на тоа што тие потекнуваат од Русија, истите одамна ги красеа и полиците низ нашите домови.
Не се знае точно каде и кога настанале бабушките, но се смета дека нивната година на раѓање е далечната 1898. Матријошките се направени според една јапонска играчка за која многумина сметале дека носи среќа и благостостојба во семејството. Во времето кога тие настанале, најчесто име се смета дека било Матрјона, во чија основа лежи латинскиот збор за мајка, а оттука и името „матрјошка“. Нивната масовна продажба почнала во 1900 година кога тие за прв пат се појавиле на една изложба во Париз. Денешните матрјошки имаат шест делови, а последниот дел е секогаш дете.
Она што е особено интересно и актуелно последниве неколку години е тоа што токму овие руски бабушки си го најдоа своето место во дизајнерските колекции, но и во приватните колекции на големите ѕвезди.
„Обожавам да ги собирам моите антиквитети и винтиџ парчиња ширум Европа, а овие руски бабушки се едни од моите омилени“, вели прекрасната Миша Ноно, англиска дизајнерка која стои зад брендот „Ноно“.
Прекрасната амбасадорка на Шанел, Џен Брил создаде неверојатни модни додатоци базирани токму на руските матријошки и ја создаде одличната матријошка мини чантичка со нивниот препознатлив ланец.
„Во руската матријошка чантичка се состои сѐ она што го сакам кај Шанел – луксуз и хумор. Што е подобро од прекрасна бабушка во која ќе можете да си го ставите вашиот мобилен, кредитната картичка и Шанел карминот? Апсолутно ништо“, вели Брил.
Руските матријошки беа дел и од пред – есенската колекција за 2012 година на Шарлот Олимпија која креираше прекрасни клач чантички во форма на руски бабушки. Покрај фенси чантичките, таа беше апсолутно креативна и го стави ликот на бабичките и на нејзините чевли во црвена боја по кои сите полудеа.
Покрај во овие колекции, матрјошка куклите можеме да ги сретнеме и кај голем дел од модните додатоци, шапките, марамите, па дури и маникирот кај девојките.
Без разлика каде ги има бабушка мотивите, сите тие изгледаат едноставно прекрасно и тотално модерно.
Доколку сѐ уште немате некое парче со матрјошка во вашиот плакар, погрижете се да го исправите тоа уште веднаш!