Парчиња што ќе го комплетираат вашиот пролетен имиџ

8 мај 2015

Доколку планирате да го „освежите“ вашиот пролетен плакар со нови сезонски парчиња, тогаш ќе ви помогнеме во изборот.

Инвестирајте паметно, што подразбира да купувате рационално, а не  импулсивно: класичните парчиња можат да најдат соодветно место во сечиј стил, избирајте детали или облека кои лесно ќе ги имплементирате со остатокот од вашата облека, природните материјали нека ви бидат на приоритетна листа, а наместо да се ориентирате според трендовите, размислете што добро ви стои, а што не.

Списокот може да продолжи со романтични бели фустани, балонери во пастелни бои, сандали на дебели потпетици, комбинезони со голем избор на принтови, кошула во пудрести тонови...  Oд модните додатоци задолжително добар пар очила за сонце, сламен шешир, мини ранче и еспадрили за удобна сезона.

 

Објавено:
8 мај 2015
Категорија: 
Тренд