Патент деталите се новиот есенски тренд за 2014

28 април 2014

Истакнатите рабови потенцирани со детали како патентите допринесуваат за изглед кој асоцира на градска урбаност, силен став на консументот, како и смел избор во однос на парчињата облека. За претстојната есен,  дизајнерите и модните брендови на писта од своите пред есенски и ready to wear  колекции, понудија парчиња каде неизбежно е да се забележи дека акцентот е ставен на патентите чија поставеност  само дополнително ги истакнува линиите од кројот, но и такви што создаваат двојна визуелна игра.

Доколку ги сакате патентите како додатоци на облеката, многу наскоро низ бутиците ќе можете да ги сретнете на кежуал и коктел фустани, спортски блузи, маички, јакни и здолништа. Иако алудираат на посилната карактерна страна од сензибилитетот на личноста што ги носи, ваквите парчиња лесно можете да ги комбинирате и во поромантични комбинации. Наш совет е секогаш да избирате такви во еднобојна варијанта, зашто на тој начин патентите доаѓаат во преден план.

Објавено:
28 април 2014
Категорија: 
Тренд