Патики и костум? Зошто да не!

11 август 2015

Патиките секогаш додаваат еден поинаков, спортски, но истовремено свеж изглед на секоја комбинација. Доколку го направите вистинскиот избор на патики, истите можете да ги носите и со костум што одговара токму на тој, спортски и свеж изглед.

Покрај тоа што ќе изгледате шик, ќе се ослободите од целиот оној притисок што чевлите го носат со себе, а за кој знаеме дека не сакате да го чувствувате, особено ако станува збор за некоја важна пригода.

Секогаш кога и да се одлучите за комбинација на патики со костуми, мора да внимавате какви парчиња ќе изберете, бидејќи некогаш, наместо шик, можете да изгледате навистина смешно.

Правило број 1

Бидете внимателни во изборот на костимот што планирате да го комбинирате со патики. Секогаш одберете потесни панталони и палто, за да не изгледате „вреќасто“ и целиот акцент да го ставите на патиките.

Правило број 2

Кога се двоумите што да одберете, бидете сигурни дека поедноставните кроеви и бои секогаш изгледаат најдобро. Одберете едноставни бели патики и црн костим што секогаш изгледа како полн погодок.

Правило број 3

Доколку сте умешни во одбирањето парчиња, за тренди изглед комбинирајте тексас кошула со костумот и патиките, а во зимските денови, без двоумење и ролка со палто!

Правило број 4

Бидете сигурни дека секогаш ќе ја погодите пригодата за ваквите комбинации. Одберете патики во темна боја со костим во потемна нијанса за сериозен состанок, а за прошетка низ град или средба со пријателите, свежите бои нека бидат први на вашиот список.

Правило број 5

Не плашете сѐ да експериментирате со патики направени од различни материјали. Вистинска луксузна нота на костимите ќе им дадете ако за нив одберете некои кожени патики со кои совршено ќе си одговараат.

Правило број 6

Воопшто не двоумете се да носите патики и за свечена пригода како на пример вашата свадбена церемонија. Одлучете се за фенси старки или пак едноставни бели патики со кои дефинитивно ќе бидете поразлични од сите други младоженци.

Објавено:
11 август 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.349 пати