Плетени фустани за првите пролетни денови

13 март 2018

Тенките плетени фустани се сеприсутни во новите дизајнерски колекции и кај луксузните модни куќи и кај „high street" брендовите.

Веќе почнува нивната сезона која ќе трае цела пролет, а секогаш може да ги имате во предвид за слоевитите комбинации што ги носиме секоја сезона.

Како тенденција се најавуваат тенките плетива – фустани со прави линии или во суптилен А крој, а нивните должини варираат од мини до макси.

Популарниот модел во пруги и оваа година ќе се носи во уличната мода, а за дамите кои преферираат романтичен изглед ги препорачуваме оние модели со женствена линија, со висока јака и широко миди здолниште што идеално се вклопува со високи потпетици или сандали со врзување околу глуждот.

Кој е Вашиот омилен модел?

 

Објавено:
13 март 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
816 пати