Плетени летни фустани во пруги од утро до вечер

25 мај 2023

Морнарските пруги асоцираат на лето исто како и пријатните, тенки и полутранспарентни плетенини, па нивниот микс неминовно е дел од модниот летен пејсаж, секоја сезона без исклучок.

Но, забележуваме дека особено ова лето, плетенините во пруги се во позиција на доминантен тренд, особено кога се во прашање летните фустани.

Пријатни за носење, како рефлексија на летната лежерност, плетените фустани во пруги оваа сезона добиваат една широка лепеза на стилски варијации. Модели во А крој, со макси должина, или припиени во миди или мини крој, во најразлични комбинации на пруги во боја или црно-бели, плетените летни фустани се практичен избор што одлично функционира од утро до вечер.

Фото: Пинтерест

 

 

 

Објавено:
25 мај 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.209 пати