Плисираното здолниште што е хит кај модните блогерки

2 февруари 2018

Во актуелната зимска колекција на H&M се издвоија неколку модни парчиња што станаа вистински хит на социјалните мрежи, особено на Инстаграм.

Омилено од оваа колекција на шведскиот бренд кај модните блогерки, е миди плисираното здолниште во колор блок, црно-бела комбинација.

Ако ги следите поголемиот дел од нив на Инстаграм, ќе забележите дека ова здолниште често се појавува комбинирано во нивните аутфити.

Така ќе добиете и претстава и идеја како еден тип на вакво здолниште може да се стилизира на различни начини. Во зависност од нивниот индивидуален стил, некои од блогерките на ова здолниште му даваат дополнителна романтична нота па го комбинираат со црвени чизми до глужд и елегантна кошула или плетиво со бисери. Други пак, што претендираат минимализам, го поедноставуваат во комбинација со црна блуза во едноставен крој и чевли на ниска потпетица.

Како би го комбинирале вие?

 

 

Објавено:
2 февруари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.981 пати