Веруваме дека речиси и не постои девојка и жена што не го сака принтот со пруги. Го има во различни варијанти и поставеност, но оној на бела основа со средна ширина на тегет пруги е безвременскиот. Доколку минатата сезона не стигнавте да набавите блуза или маичка со ваков мотив, дефинитифно треба да ја обезбедите во вашиот плакар. Има некоја магија во ваквите шари кои едноставно хипнотизирачки делуваат кон вкусот на жените. Даваат доза на сензуалност посебно ако во спој со ваквото парче облека нанесете црвен кармин на усните.
Постојат многу варијации како да ги комбинирате како за дневен така и за вечерен изглед, а одлично се надополнува со светол џинс, посебно со бојфренд модел на фармерки, кратки шорцеви, широки и тесни здолништа. Едноставно вие разбранувајте ја креативноста од фотографиите во продолжение и веќе за утре смислете некоја „пругаста“ комбинација.