Прогнозираме: Кое модно парче ќе ги има своите „5 минути“ во 2023?

29 декември 2022

Крајот на годината е резервиран за резимирање, но и за прогнозирање за тоа што нѐ очекува претстојните 365 дена.

Во модните анализите се вклучени неколку клучни индикатори, меѓу кои се следат и тенденциите што ги наметнуваат најизвиканите модни брендови и аналитиката на влијателните модни медиуми.

Ако се повикаме на нив, веќе може да добиеме една објективна прогноза за тоа кои тенденции ќе доминираат во 2023.

90-те години со својата естетика ќе продолжат да носат ретро вибрации на современата модна сцена, па голем дел од парчињата кои биле хит тогаш, сега повторно ги добиваат своите „5 минути" слава.

Кожениот блејзер е секако меѓу нив.

Тогаш го носеа Гвинет Палтору, Синди Крафорд, Кејт Мос и Џенифер Анистон, а со ефективни стилски трансформации и оваа година се враќа на улиците.

Предимензионираните кроеви остануваат актуелни, па комбинацијата кожен блејзер во широк крој се очекува да остави силна трага во моден контекст годината која е пред нас.

Ве подготвуваме со неколку инспиративни примери.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
29 декември 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.591 пати