Пролетни трендови 2022: Пердуви

11 февруари 2022

Пердувите се повторно во мода.
Не се ништо ново, а сепак толку омилен моден детаљ.

Ги носела и Марија Антоанета во 1700-те за да покаже екстравагантност, а во современа модна смисла се провлекуваат низ тенденциите речиси редовно, во континуитет.

Но, поминаа неколку сезони како не биле толку популарни како што ќе бидат оваа пролет.

Тоа ни го најавија во своите пролетни колекции инфлуентните модни куќи Шанел, Диор, Гучи, интерпретирајќи ги пердувите на елегантен и луксузен начин.

Имаат моќ речиси комплетно да го трансформираат стајлингот, па затоа пердувите оваа пролет често ќе бидат присутни особено во свечените изгледи.

Но, тоа не значи и дека нема да се носат секојдневно. Базичната бела кошула со пердуви во боја на ракавите или блејзер порабен со лента со пердуви, се веќе популарни во уличната мода.

Сандали и чанти со пердуви – да, ќе ги гледаме често во модениот свет оваа пролет.

И уште неколку интересни варијанти како ќе носиме пердуви оваа сезона, следуваат во галеријата во продолжение.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
11 февруари 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.132 пати