Пролетно освежување за вашиот велосипед

14 април 2016

Уште една причина поради која ја обожаваме пролетта е тоа што е идеална сезона за возење велосипед.
А уживањето е уште поголемо кога велосипедот ќе го стилизираме со сите оние ситни детали кои ни прават големо задоволство.

Една таква варијанта за „разубавување" на омиленото превозно средство е украсување со свежо цвеќе. Иновативниот американски дизајнер Колен Џордан смислил начин како да го украсиме велосипедот, а тоа да не биде на класичен начин – во кошничка.

Неговиот креативен дизајн се однесува на мини вазни во различни бои и форми со систем за прикачување на велосипедот што може да ги комбинирате поединечно или заедно.
Одлична идеја за креативно „разубавување" на велосипедот.

 

Објавено:
14 април 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
770 пати