Летото е во полн ек, но модата секогаш е неколку сезони напред.
Така веќе имаме увид во тоа какво ќе биде модното расположение во претстојната есен.
А таму нѐ чека еден од омилените, а слободно може да кажеме и безвременски принтови – оној со точки.
Принтот со точки има богата историја и континуитет низ сезоните независно од тенденциите. Своевремено го популаризирале Мерилин Монро и Елизабет Тејлор, често комбинирајќи го во својот стил, а во 1956 година еден од најславните фустани на Кристијан Диор бил токму со овој принт.
Војвотката Кејт Мидлтон пак, е претставник на новата генерација фанови на точкастиот принт, за што може многу често да посведочиме кога бира елегантни фустани или кошули во овој принт за своите јавни појавувања.
Оваа есен сите фанови на принтот со точки ќе има што да бираат.
Првите есенски колекции што ги полнат излозите, на себе го имаат овој шармантен принт во различни варијанти и можности за комбинирање: фустани, дводелни сетови, кошули, здолништа, панталони, марами, па дури и чевли и чанти со точки.
Дел од нив ѕирнете ги во галеријата во продолжение: