Ресорт 2015 тренд: Парчиња со Поп арт и слогани

5 јули 2014

Ресорт колекциите за наредната 2015 година понудија широк спектар од трендови за сечиј вкус. Меѓу неколкуте што ви ги прикажавме, овој пат акцентираме на еден од подоминантните или таквиот со слогани како и оној инспириран од уметничкиот правец - поп арт. Москино, Александар Меквин, Ланван, Фенди, Диан Вон Фустенберг, Клое и многу други презентираат апстрактни принтови, графика, предимензионирани лога и кул слогани. Дизајнерот Џереми Скот ја преферира поп арт уметноста од креациите. Неговата последна соработка со Москино резултираше со колекција која дури потсетува на реклама за брза храна.

 

Со ваквите тенденции дизајнерите всушност сакаат да се покаже храбрата и индивидуална страна на нивниот консумент. Доколку сте вљубеник во принтовите, тогаш и ваквиот последен моден крик сигурно ви се допаѓа. Сега е одличен период да пробате да носите нешто слично и не мора да чекате да дојде 2015 година. Бидете во чекор со последните модни вибрации.

 

Објавено:
5 јули 2014
Категорија: 
Тренд