Револуција на модната сцена – патики!

24 септември 2014

Станува збор за патиките, обувки кои дадоа еден сосема нов и поинаков контекст на спортско – елегантните конотации, истакнувајќи ја комфорноста, но и префинетоста во преден план. Моделите на Најк и Адидас се едни од фаворитите, особено моделот „Stan Smith“ за кого трендсетерите покажаа најголем интерес.

Неколку пати до сега ви најавивме дека спортската лежерност е тренд кој е ин неколку сезони по ред, а можноста за комбинирање на разни стилови во една уникатна целина дава доза на софистицираност, закитена со едноставен изглед и преточена во разни модели патики, односно од еднобојни, па се до оние кои нудат интересна палета на бои. Овој модел на обувки лесно се комбинира како со здолништа, така и со панталони, но и комбинација на хеланки и туники кои се еден од најчестите стајлинзи, карактеристични за овој период од годината, а за припадниците на посилниот пол, идеални се комбинациите на фармерки или панталони со кошули. Во продолжение погледнете дел од највпечатливите стајлинзи низ улиците на светските метрополи.

Објавено:
24 септември 2014
Категорија: 
Тренд