Сафари изгледот во неколку наврати беше мошне популарен во модната историја, а сега повторно се враќа, донесувајќи мноштво новитети и варијации, но базата и понатаму е препознатлива.
Она што оддава дека се работи за тренд инспириран од пустинскиот изглед се боите – маслинесто зелена, беж, бела, па дури и сина, како и транспарентните и лесни материјали.
Комплетен сафари изглед ретко се гледа низ градските улици, но и посебните парчиња ќе бидат сосема доволни да бидете во тренд, особено ако одберете кошули и куси панталони во беж боја, омилени на голем број мажи. Ваквиот изглед е одличен за дневните прошетки и излегувања.
Идеите за урбаниот сафари ги претставија познатите светски дизајнери, кои своите манекени ги облекоа во интересни и практични парчиња. Меѓу првите кои своите модни визии ги преточија во креации и ги интегрираа во модни колекции се Балман, Дизел, Џон Варватос, Кензо и многу други. Токму тие им дадоа инспирација на бројните hugh street марки, па и тие во својата летна понуда на пазарот се осврнуваат на овој тренд, кој им е достапен на сите. Одберете ги само омилените бои и парчиња облека и започнете ја сафари авантурата.