Ин се оделата комбинирани со патики
•
23 април 2013
Најновата информација е поврзана за остварената соработка со спортскиот бренд Адидас, па токму поради тоа за неговата најнова колекција со која се претстави на модната недела во Париз, Раф за прв пат дизајнираше патики. Спојот на модерното со спортското е проект кој пружа врвни перформанси и естетика, бидејќи патиките се инспирирани од потписот на Адидас и силуетата на тркачите.
Раф Симонс не е првиот кој остварил успешна соработка со Адидас. Меѓу позначајните дизајнерски имиња се спомнуваат Стела Мекартни и брендот Opening Ceremony кои креирале спортска облека и опрема за вежбање. Симонс во 1995 година има креирано машка модна линија, а во тој период соработувал со Фред Пери и францускиот бренд за чанти Eastpak.