Седум комбинации на бои што треба да ги испробате ова лето

27 јули 2023

Кога станува збор за модни комбинации има два типа на дами, оние кои ја сакаат класиката и не експериментираат и оние кои не се плашат да испробаат нешто смело.

Денес ќе споиме бои за кои мислевте дека не се комбинираат, но и такви кои одамна си го нашле својот "партнер".

Модните блогерки се секогаш тука за инспирација, а нивните спојки се добредојдени кога немаме идеи.

Црната и белата се секогаш идеални една со друга. Тие бои се безвременски пар што никогаш не излегува од мода без разлика што носите.

Портокалова и беж се исто така интересна комбинација, а на нив ќе се приклучат колор блок зелената и виолетовата.

Летото розовата е ИН а неа ќе ја споиме со бела, а на небесно сината ќе додадеме црна.

Tиркизната ќе биде интересна ако се спои со крем, а жолтата ќе ја испратиме на "состанок" со црвената.

На пример вака:

Црна и бела

Портокалова и беж

Розова и бела

 Небесно сина и црна

Тиркизна и крем

Жолта и црвена

Виолетова и зелена

Фото: Pinterest

Објавено:
27 јули 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.830 пати