Шик летни комбинации со чизми

29 август 2014

Во оној период од годината кога една сезона преминува во друга, најчесто правиме спој на стилови и комбинации кои припаѓаат на различни годишни времиња.

Иако чизмите важат за зимски моден додаток, се' почесто се омилени во летните изгледи на трендсетерите. Покрај тоа што одлично се вклопуваат со кратки фустанчиња и џинс шорцеви, чизмите се практичен избор и за променливото време често пропратено со дождови.

Во принцип во летните варијанти најчесто се комбинираат кратки чизми, односно оние до глужд, но понекогаш постојат исклучоци па доста умешно се комбинираат и високите чизми, особено за време на „хаотичните“ фестивалски денови во рамките на летните фестивали на отворено.

Еве неколку инспиративни изгледи кои сигурно ќе ве насочат како омилените чизми да ги комбинирате и пред првите есенски денови.

 

 

 

Објавено:
29 август 2014
Категорија: 
Тренд