Што да облечете денес?

26 септември 2013

Искористете ги последните топли денови на есента, за денес  да облечете парчиња што ви ги дозволуваат и временските прилики. Не дека кратките панталони не можете да ги носите и кога ќе залади, но сега е шансата уште еднаш да не облекувате хулахопки и комфорно да чекорите извршувајќи ги дневните активности. Ако немате обврски што налагаат покриени нозе, тогаш оваа комбинација слободно можете да ја прошетате на кафе со пријателките или  за шопинг низ град.

Објавено:
26 септември 2013
Категорија: 
Тренд